(ФОТО) Наставничката Зејнеп глумеше во „Езел“ и „Величенствениот“: Се сеќавате кога беше Ејшан и Фирузе?

Турската актерка и манекенка Џансу Дере(34), која публиката ја запозна како саканата на Езел, Ејшан, а потоа во „Сила“, денес ја гледаме како наставничката Зејнеп во хит серијата „Се викав Мелек“. Апсолутно преубава, но грозно иритантна – вака турските новинари кои имале контакт со неа ја опишуваат актерката.


Поранешната манекенка имаше своја улога и во „Сулејман Величенствениот“ и може да се каже дека стана голема ѕвезда , но и една од најплатените во Турција. Џансу Дере е родена во Анкара на 14-ти октомври 1980 година. Мајка и била наставничка, а татко и трговец. Пред да стане актерка се обидувала да се занимава со балет, но ја одбивала бидејќи била превисока, па се префрлила на манекенство. Џансу неколку години студирала и археологија.




Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *