Турската двојка ја освои публиката: „Азизе“ и „Џевдет“ пееја заедно на иста сцена(видео) - Tvserijali - Soprevod

Турската двојка ја освои публиката: „Азизе“ и „Џевдет“ пееја заедно на иста сцена(видео)

Познатата турска актеркса двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч пееја заедно на сцената во Зорлу центарот во Истанбул. Концерот беше огранизиран од „Cev Art“, проект кој им обозможува на младите лица да го откријат својот талент во сферата на уметноста и да им овозможи услови да станат ѕвезди.


Брачната двојка ги поддржа талентите и ги мотивираше пеејќи заедно еден до друг, со што уште еднаш покажаа дека освен за глума се талентирани и за пеење.


Тој се појави во елегантен костум, додека таа блесна во црвена тоалета која ја истакна нејзината витка линија и женственост.Инаку, моментално нашата публика ги гледа во улогите на Азизе и Џевдет од серијата „Vatanim Sensin“ чија тематика е грчката окупација на Измир./Вистина.мк

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *