Трагичното финале на „Забранета љубов“

Понеделник и вторник, 10 часот и 30 минути, Сител телевизија. Последните две епизоди од латиноамериканската теленовела “Забранета љубов”. Серијата која веќе беше емитувана неколку пати на локалните телевизии, а сега и на Сител, очигледно не може да ги остави рамнодушни оние кои ја следеле и ја следат.


Доаѓа крајот на забранетата љубов на Бруно и Бјанка. Сите дознаваат за тајната афера на младите љубовници, кои романсата ја криеја под ист покрив со мажот на Бјанка. Сега, на денот на свадбата на Бруно, ќе се случи голема трагедија која ќе стави крај на сите страдања.

Може ли да се издржи живот со таква болка? Може ли една жена да живее во такво страдање за нејзината страст? Може ли еден маж да се заколне на вечна љубов, знаејќи дека неговото срце бие за друга? Може ли да се премине преку сѐ во име на сопствената среќа?

Трагичното финале на “Pasion prohibida” го следите во вторник на Сител.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *