Тој со долга коса, таа со голем труднички стомак: Бурак и Фахрие во ново издание (фото)

Турската брачна двојка, Бурак Озчивит и Фахрие Евџан го живеат еден од највозбудливите периоди во животот- го чекаат да дојде на свет нивното прво дете. Пред неколку месеци во изјава за турските медиуми открија дека чекаа машко бебе, но името се уште не го откриваат. Исто така се појавија информации дека на актерите им била понудена милионска сума за да го покажат лицето на бебето кога ќе се роди.Деновиме каде и да излезат во јавност, фотографите постојано се околу нив, а од најновите фотографии може да се види дека трудничкиот стомак на Фахрие доста нараснал, а пак Бурак изгледа доста поразлично со долга коса.Нивниот наследник ќе се роди наскоро, а тоа ќе биде дополнителна причина уште повеќе да бидат во фокусот на медиумите./Вистина.мк



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *