Толгахан Саисман потпиша договор за нова серија - Tvserijali - Soprevod

Толгахан Саисман потпиша договор за нова серија

Турскиот актер Толгахан Саисман сè уште не ја заврши својата работа на серијата „Sampiyon“, а веќе има потпишано договор за нова серија.
Овој пат, актерот ќе се најде во нова серија на продуцентот Тимур Савчија. Тоа е серија произведена од TIMS & B за Шоу ТВ, а се вика Seref Sozu. Во последниве години, со исклучок на серијата „Sampiyon“, проектите во кои глуми Толгахан не остварија големи резултати. Новиот проект, во кој Тимур Савчи го има главниот збор, ќе биде можност актерот да продолжи таму каде што застана со серијата „Sampiyon“ и да сними уште подобри резултати и рејтинг. Кога станува збор за таа серија, финалето е закажано за 13 август во 34-та епизода.

Дејствието на новиот проект Seref Sozu ќе биде снимено во Мардин. Режисер на серијата е Џевдет Меркан, а сценариото е напишано од Еда Тезчан (позната од серијата Херџаи).

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *