СОРАЈА ВО ИСТАНБУЛ ЌЕ СНИМА ФИЛМ СО БАЛИ БЕГ (ФОТО)

Сораја Вучелиќ моментално се наоѓа во Истанбул каде што наскоро ќе започне да снима филм со познатиот турски актетер Џенгин Чаркеш. Имено, миленикот на женската популација Бурак Озџивит познат по улогата Бали Бег во серијата „Величествениот“ „фрли“ око на Сораја. Магазинот „Ало“ дозна дека Бурак се распрашувал за Сораја, а побарал и во наредните филмови во кој тој ќе игра да се појави и таа. „Продуцентите кои моментално работат со Бурак, исто така работат и на филмот во кој ќе се појави Сораја. Таа во Турција секој ден има состаноци каде што се договара за последните детали околу сценариото, вели извор за „Вип“ и додава: „Бурак пристигна на состанок, но со Сораја само се сретнаа на поминување. Актерот не успеа да го сокрие воодушувањето кога ја виде, а потоа се пошегува со колегите дека сака таква партнерка во некој филм, вели добро известениот извор. Сораја ги потврди овие информации.
„Точно е, не знам како сте дознале. Продуцентот се пошегува дека ќе останам подолго од планираното во Турција бидејќи Бурак се распрашувал за мене. Изјавил дека сака да има партнерка како мене“, изјави Сораја за „Ало“.


Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *