Сопругата на Бали Бег го покажа трудничкото стомаче (фото) - Tvserijali - Soprevod

Сопругата на Бали Бег го покажа трудничкото стомаче (фото)

Пред неколку месеци, познатата турска актерка брачна двојка, Фахрие Евџан и Бурак Озчивит криеја дека чекаат принова. По многуте шпекулации во медиумите, тие решија да стават крај на приказните и да ја потврдат веста. Кога непосредно беа зачекани од новинарите пред еден ресторан, открија дека бебето е на пат, а Фахрие се чувствува одлично во третиот месец од бременоста.Сега, еден месец подоцна, стомачето на убавата актерка која ја познаваме како Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“ веќе се познава, а таа горделиво реши да го покаже пред сите. Облечена во крзнена јакна, бела блуза и фармерки, Фахрие со насмевка се пофали со своето трудничко издание.Инаку, минатата година двојката направи голема свадба во Истанбул, по што беа на егзотичен меден месец.

View this post on Instagram

🍁

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf) on

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *