СИНООКА И СЕНЗУАЛНА – ОВАА МАКЕДОНСКА АКТЕРКА ЈА ГЛУМИ ДЕФНЕ

Од порталите имавте можност да прочитате и откриете дека македонскиот актер Жарко Димоски го синхронизира ликот на Омер во турската романтична комедија „Вљубениот ерген“ која се емитува на ТВ Сител.
Па така, откако го видовте македонскиот Омер, претпоставуваме се запрашавте и која е македонската Дефне, односно актерката која го доловува ликот на харизматичната и темпераментна турска актерка и модел Елцин Сангу.
Она што е заедничко за двете е тоа што се вистински убавици, а станува збор за нашата сензуална синоока актерка Сашка Димитровска. За разлика од турската колешка, Сашка има побогат репертоар на театарски и филмски улоги во своето долгогодишно актерско искуство од својата матична куќа Македонски народен театар, снима реклами, спотови, синхронизира серии…
Оној што барем еднаш ја гледал на сцената, сигурно се уверил во нејзината моќ постојано да владее на „штиците што живот значат“ и со иста енергија да не внесе во светот на емоциите.
Таква е и во улогата на Дефне која преку својот глас ја носи речиси идентично до Елцин, но со свој специфичен печат.


Што се однесува на приватноста, Сашка и Елцин се различни и во тоа што, турската актерка е нешто помлада и се уште немажена девојка, а пак Сашка е во долгогодишен брак со сопругот Дарко со кого ги имаат синовите Калин и Иан.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *