Uncategorized
Серијата Sen Çal Kapımı започнува денес
Долгоочекуваната серија наречена Sen Çal Kapımı започнува со емитување денес во Турција.
Серијата требаше да ја има својата премиера на 1 јули, но поради промената на режисерот, премиерата беше преместена на 8 јули.
Дејствието на серијата е засновано на врската помеѓу Еда (Ханде Ерчел) и Серкан (Керем Бурсин). Еда е млада девојка која инвестираше во образованието. Таа се соочува со проблем, а нејзината меѓународна стипендија за колеџ е одземена. Без неа, таа нема да може да ги продолжи студиите и ќе остане само на средно образование. Серкан и нуди стипендија, под услов да се преправа дека е заедно во наредните два месеци. Еда првично ја одбива понудата, но поради новите услови, таа е принудена да се согласи. Серкан и Еда почнуваат да доживуваат страсна, предизвикувачка врска која ќе ги натера да заборават на сè до сега. Останува да се види во која насока сè ќе се развива.
By: TV Exposed