Романтичната сага „Мерием“ започнува после “Нашата Дениз”

Наскоро на Сител телевизија предновогодишна хит драма за гледачите желни за љубов, одмазда и интриги. По завршувањето на “Нашата Дениз”, ќе се емитува уште повозбудлива турска серија и тоа за несреќната судбина на девојката “Мерием”.Невина девојка фатена во костецот на слепата љубов и бескруполозната лага. Кога човекот во кој веруваше, ќе ѝ ја изрече драконската казна, за нашата Мерием не останува ништо друго освен да најде начин да излезе од ѓаволската игра што ѝ ја приреди судбината.Наскоро на Сител, очекувајте ја приказната за нашата “Мерием”, а за деталната содржина на новата хит серија, дополнително ќе ве информираме.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *