Раскинат договорот на Озан Гувен за серијалот Бабил ?! - Tvserijali - Soprevod

Раскинат договорот на Озан Гувен за серијалот Бабил ?!

Озан Гувен е во сè потешка ситуација.
По физичкото насилство и повредите што му ги нанел на својата девојка, тој се соочува со до 13 години затвор. По завршувањето на целосната истрага, случајот ќе биде доставен до судот, кој ќе ја одреди казната. Дотогаш, Озан беше мета на осуда од страна на голем број јавни личности. Некои компании го раскинаа договорот со него или ја разгледуваат таа одлука.

Според првите информации што доаѓаат од Турција, компанијата Ay Yapim го раскина договорот со актерот, поврзан со неговата улога во серијалот Бабил. Наскоро се очекува официјална објава на компанијата, а како што стојат работите, повеќе нема да го видиме Озан Гувен на овој проект.

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *