Озџан Дениз и Фејза за првпат излегоа јавно откако станаа родители! – Турски Серии

Озџан Дениз и Фејза за првпат излегоа јавно откако станаа родители!

Актерот од серијата Невестата од Истанбул, Озџан Дениз и неговата сопруга Фејза Актан, станаа родители на едно мушко дете пред 7 месеци. Од раѓањето на детето нив ги видовме само преку нивните објави на социјалните мрежи, или некои слики од папараци. Меѓутоа, двојката немаше ниедно јавно излегување во текот на овој период.
Вчера, тие се појавија на премиерата на еден филм и секако се сликаа пред многубројните камери. 45-годишниот актер и неговата 25-годишна сопруга беа облечени едноставно и изгледаа многу среќно. Нивното излегување по толку време секако беше проследено со многу комплименти за двојката и нивното семејство.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *