Од редот на величествените – доаѓа „Карасевда“ ексклузивно на Сител - Tvserijali - Soprevod

Од редот на величествените – доаѓа „Карасевда“ ексклузивно на Сител

Одбрана за најдобра тв новела во светот за 2017-та година
Наскоро на Сител телевизија започнува долгоочекуваната турска драма “Карасевда”. Бескрајна љубов пред која небото ќе заплаче и морето ќе се повлече. Љубов на која сите ќе се радуваат, но само едно нешто ќе ги отвори портите на пеколот. Наскоро, топлата и тажна приказна за една црна љубов.


За прв пат во историјата на престижните интернационални награди ЕМИ, турска серија е избрана за најдобра теленовела за оваа година. “Kara Sevda” е таа која триумфираше во категоријата за најдобра теленовела.
Интернационалните ЕМИ награди се најзначајни награди во меѓународната телевизиска индустрија, а наградата за најдобра теленовела досега ја имаат добиено бразилските “Индија” (Сител), “Совршена” (Канал 5), “Илузионист” (МТМ), “Рамо до рамо” (ТВ 21), како и португалската “Тајната на дивата река” (Сител).

“Карасевда” е една од најуспешните телевизиски драми од Турција последниве години, која со голем успех се емитуваше во сите балкански и арапски земји. Има добиено многу признанија во матичната земја како ‘Најдобра драма на годината’ од страна на познати турски универзитети, а признание од жирито доби и на 11-те интернационални награди Seoul Drama Awards in 2016.
Стана една од најпродаваните турски серии, носејќи се рамо до рамо со Шехерезад, Лисјата, Величествениот и Фатмаѓул, a во Словенија е најгледана турска серија досега.
“Бескрајна љубов” е новела во која главната улога ја толкува познатиот Бали Бег, а веќе од следната седмица, ексклузивно започнува и во Македонија на Сител телевизија. Бидете со ТВ Пакет и први дознајте што крие приказната за новата бескрајна љубов – “Карасевда”.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *