Новата серија на Бурак е хит во најава!

Во 2019 година очекуваме голем број на нови турски серии, од кои едната е серијата “Дирилиш Осман”, со Бурак Озџивит во главната улога. Конечно, добивме потврда и тоа од продуцентот на овој проект дека Бурак ќе се најде во главната улога, кој постави слика со Бурак на својот Инстаграм профил и со тоа ги отфрли сите сомнежи за деталите од оваа серија. Имено, серијата ќе биде продолжение на серијата “Дирилиш Ертугрул”, која веќе неколку години се емитува во Турција,и тоа со многу висок рејтинг. Со оглед на тоа дека овој проект е поддржан и од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, нема сомневање дека и продолжението ќе биде многу успешно.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *