Има ли нешто потажно од солзите на едно дете ?Вистинските љубители на турските семејни и потресни турски драми со задоволство ги паметат нивните омилени Кога лисјата паѓаат и Бурни времиња, кои ги разнежнија вашите души и ги расплакаа вашите срца. И токму сега, Сител телевизија најавува уште еден мамец за публиката, магнет за целото семејство – најсентименталната драма од земјата на Босфорот. Наскоро, ексклузивно на Сител стартува “Се викав Мелек”.Ако А1 телевизија успеа да направи вистински бум и феномен во Македонија со емитувањето на Шехерезад, Лисјата, Волците и Дамата, по неа Сител телевизија продолжи да ги емитува најгледаните и најдобрите турски серии, кои ги емитуваат само најдобрите телевизии на Балканот. Доаѓа време за нова трогателна приказна. Приказната за едно дете, кое нема ниту јаве, но нема ниту сон. Тешка е судбината на ова дете. Сагата за несреќното детство на Мелек нема никого да остави рамнодушен, а солзите на малото девојче ќе ги стопат и најледените срца на гледачката публика.
Во нејзиниот живот се појавува таа, учителката и спасител, која ќе и покаже што значи вистинска родителска љубов. Во улогата на малата Мелек ќе ја гледаме осумгодишната Берен Гокјилдиз, која ја освои турската јавност со улогата во која ги покажа буквално сите емоции, a во улогата на учителката настапува познатата Џансу Дере, која ја паметиме по главните улоги во “Сила” и “Езел”.