Можам, да се шетам на улица во пижами и без шминка

Таа имаше 23 години кога нејзиниот живот се претвори во бајка од “Илјада и една ноќ”. Прекрасна Шехерезада ги отвори сите врати, донесе слава, успех, признание, животна љубов со актерот и колега Халит Ергенч … стана една од најпопуларните турски актерки. Проектите се нижеа еден по друг, во меѓувреме, ги надмина некои тешки моменти, а со секоја нова улога и животниот предизвик стана позрел и храбар. На терасата на луксузниот стан со поглед на пристаништето, Бергузар ги раскажа нејзините почетоци, за поддршката на нејзините родители, за соработката со нејзиниот сопруг пред камерите и зад нив, но и за улогата што сама мора да ја режира – улогата на мајката.

-Можам да излезам на улица без шминка и во пижами, да седам на троторар и да разговарам со минувачите. Никогаш не го правам она што се очекува од ѕвезда во мојата земја. Би била неблагодарна ако кажам дека не ми е драго што сум позната. Луѓето ме сакаат, ми аплаудираат… Но, ги штитам своите граници, вели за Hello.rs убавата турска актерка и пејачка.Таа исто така вели дека иако со сопругот често се заедно на снимања, секогаш имаат посебни соби.

Инаку, познатата Турчинка потекнува од актерско семјство, нејзината мајка и татко се исто така актери. Она што помалку и е познато на публиката на Балканот е дека Бергузар исто така е џез пејачка. /vistina.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *