Мир во домот или голема драма надвор од него ? Вечерва големо финале на Парампарче

Вечерва веднаш по викенд драмата “Јазол” следува големото финале на сагата за семејството Ѓулпинар.Голема венчавка во самата завршница. Она што судбината го распарчи на мали парчиња, сега повторно се спојува како кула од карти. Време за среќа и безгрижни семејни моменти следуваат во емотивното финале на турскиот хит.Џихан и Дилара се повторно заедно, а нивните ќерки, среќни и сложни, ја слават љубовта на нивните родители. Ќе има и простор за малку хумор во целата таа драма, а кој ако не Кериман, знае тоа најдобро да го направи.Но, нешто неочекувано се случува на самата свадба. Џихан постојано гледа во часовникот. Што се случува? Дали некој неочекуван гост ќе направи вистинско парампарче на вкупната среќа или се работи за завршница на едни долго нерасчистени сметки?


Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *