Мерве Болугур има ново момче (ФОТО)

Турската актерка Мерве Болугур објави фотографија со своето ново момче на социјалните мрежи.
Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија во која бакнува маж на челото чиј идентитет досега не е откриен. На тој начин, јасно стави до знаење дека повеќе не е сама и дека е во врска. Ова го потврдија и други фотографи направени од папараците во Турција.

Следејќи ги информациите, новинарите побрзаа кон Алачата, каде ја фотографираа актерката со новиот избран на нејзиното срце.

Мерве зад себе има брак со Мурат Далкилич, кој траеше од 2015 до 2017 година. Таа е позната по својата работа во сериите Kuzey Güney, Içimdeki Firtina, Küçük Sirlar, Muhtesem Yüzyil (Сулејман Величествениот) и други проекти.

By: TV Exposed

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*