Кадир и Неслихан зборуваат за нивното дете!

Двојката, Кадир и Неслихан Догулу, беа присутни на премиерата на филмот “Сибел”. Двојката која не е фотографирана заедно долго време даде кратко интервју за новинарите. На прашањето дали ја гледаат новата серија во која игра нивниот колега Чагатај Улусој, “Заштитник”, Кадир одговори: “Сите ние треба да ја гледаме таа серија. Серијата која е дел од глобалната платформа на Netflix, со еден од најуспешните турски актери, со турски сценарист и продуцент. Ние треба да поддржиме таков проект. Штом ќе имаме време, ќе ја видиме. ” Кога го прашале како поминале во 2018 година, Кадир рекол: “2018 беше една од најубавите години за нас”. Во јануари не очекува новата серија на Кадир “Вуслат”, додека Неслихан некое време нема да ја гледаме на малите екрани, бидејќи планира да направи кратка пауза. Запрашан дали во 2019 година да очекуваме некое изненадување од двојката, тие одговориле: “Значи мислите на дете. Се надеваме и ние. Нека дојде во вистинско време. “

Сподели ја оваа статија со вашите пријатели!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *