И таа глуми во „Се викав Мелек“: Нема да верувате која е вистинската ќерка на мајката на Зејнеп (ФОТО) - Tvserijali - Soprevod

И таа глуми во „Се викав Мелек“: Нема да верувате која е вистинската ќерка на мајката на Зејнеп (ФОТО)

Турската драма „Се викав Мелек“ ги освои симпатиите на гледачите уште од самиот почеток поради трагичната судбина на малечкото девојче Мелек кое е жртва на семејно насилство. За да ја спаси од ужасната животна судбина, нејзината учителка Зејнеп, која инаку е посвоена, решава да ја киднапира за да и понуди подобар живот.


Зејнеп или актерката Џансу Дере, според сценариото, како мала била напуштена од својата мајка која завршила во затвор. По многу години, таа излегува од зад решетки и повторно се зближува со ќерка си, без таа да знае дека и е биолошката мајка.
Старата госпоѓа Гонул или како што ја нарекуваат „тетка несмасна“ ја игра актерката Вахиде Перчин. Имено, нејзината вистинска ќерка во серијата е посестрата на Зејнеп, Гамзе. Таа е единственото дете на Вахиде Перчин која ја добива од бракот со актерот Алтан Гордум од кој се разведува во 2013 година.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *