Издадена книгата „Појраз Карајел“

Издадена книгата „Појраз Карајел“: Згодите и незгодите на Појраз, Ајшеѓул и другите ликови од „Мојот син“ на парче хартија. Со оваа книга ќе бидат запамтени и незаборавните карактеристики на истоимената серија како што се: свечените говори на Појраз, глобалниот капитализам на Зулфиќар, советите на татко Бахри…
Издавачката куќа Dogan kitap во соработка со Етхем Озишик (сценаристот на серијата “Мојот син”) ја издаде книгата со наслов „Појраз Карајел: Нека се случи некое чудо“. Книгата е составена од сценаријата за првите 55 епизоди од серијата, пишува порталот „ТВпакет.мк“.

Со овој гест. Во печатена форма ќе останат запамтени ликовите како што се: „Сите се индијанци“ – Појраз, најубавата на светот – Ајшеѓул, татко над татковците – Бахри, лидерот – Сема, неразделната тројка – Зулфиќар, Тврдоглав и Сефер, бомба која секогаш е спремна за експлодирање – Садретин, потпалувачот на секоја караница и зачинот во секоја чорба – Сонѓул, едните и единствените соседи на Појраз – Полковникот, Имран и Иса, единецот на тато – Синан, „Бог нека те казни“ – Мумтаз и други.
Со оваа книга ќе бидат запамтени и незаборавните карактеристики на истоимената серија како што се: свечените говори на Појраз, глобалниот капитализам на Зулфиќар, советите на татко Бахри, дијалозите помеѓу Ајшеѓул и Појраз полни со љубов, исклучителната бистрина на Синан, неочекувана за едно дете, ставот на Сема во мафијашкиот свет, разговорите меѓу Зулфиќар, Тврдоглав и Сефер, исклучително забавните домашни задачи на Иса и Појраз, бескрајните кавги помеѓу Садретин и Сонѓул, незаборавните натписи на ѕидот од зградата на Појраз и уште многу други спомени, згоди и незгоди.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *