Емир од „Карасевда“ се опушта со миење садови - Tvserijali - Soprevod

Емир од „Карасевда“ се опушта со миење садови

Турската серија “Карасевда” која се емитува секоја вечер на Сител телевизија успеа по првите неколку епизоди да стане најгледана телевизиска програма во Македонија. Љубовната приказна меѓу Кемал и Нихан пред која и небото ќе заплаче, а и морето ќе се повлече, успеа да ја заинтригира македонската гледачка публика која секојдневно исчекува дали ќе се оствари големата и бескрајна љубов на протагонистите.

Но, она што особено привлекува внимание, покрај главните ликови, е и главниот негативец Емир. Тоа е лик кој физички е атрактивен и сексипилен, но неговата посесивност кон сопругата ги надминува сите граници на разумот и неговите постапки до крајот ќе ги шокираат гледачите.Неговата егзотична убавина се должи на тоа што актерот Каан Урганџиоглу води потекло од арапските земји. Додека студирал на отсекот по пазарен капитал, не ни помислувал дека еден ден ќе се занимаа со глума.
Но, по запознавањето со една турска глумица, вратите од големиот шоу бизнис се отвориле за младиот Каан.
– Откако запловив во глумачките води, сфатив дека навистина уживам во ликовите од сценаријата кои треба живописно да ги донесам пред камерите. Тоа е тоа што ме исполнува и единствена работа која сакам да ја работам во мојот живот. Глумачката професија е тешка и бара целодневни ангажмани, како и одрекувања од многу работи во животот. Тоа е битка, во која поединецот е сам на себеси најголем сојузник, но и најозогласен непријател. – кажува Каан за изборот да биде актер, наместо да тргува на берзи.Го опушта една шолја турско кафе која ја пие во својата фотелја откако ќе се врати од работа. И сето тоа зачинето со добра и смирувачка музика. Освен кафето и музиката, се опушта и додека ги извршува домашните активности, како на пример перењето садови. Сака да има куќа со кров што се отвора и затвора по потреба, а дома задолжително се шета бос.
За неговата љубов не се зборува многу, иако турските медиуми знаат дека постои некоја си Зејнеп во неговиот живот. За турскиот заводник, за љубовта не треба да се зборува затоа што од љубовта следува и евентуално раскинување кое може да создаде голема болка. Па затоа, подобро да се живее љубовта, а да не се зборува однапред за неа – кажува актерот. Каан е 36 годишен актер, кој и покрај тоа не завршил глума во Турција, сепак заминал за САД во 2008-та година каде шест години активно го учел актерството. Негова најпозната улога е токму улогата во “Карасевда”, серијата за црната љубов и големата тага која го распарчува и најнескршливото.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *