Емир во Карасевда има многу афери, но и во приватноста смени многу девојки, последната е позната актерка.

Трускиот актер Каан Урганчуоглу (37) и не е баш некој омилен лик од серијата „Карасевда“ каде ја игра улогата на лошиот Емир Козчуоглу кој поради невозвратената љубов на Нихан е подготвен на се. Но, она што особено привлекува внимание, покрај главните ликови, е и главниот негативец Емир. Тоа е лик кој физички е атрактивен и сексипилен, но неговата посесивност кон сопругата ги надминува сите граници на разумот и неговите постапки до крајот ќе ги шокираат гледачите. Токму оваа улога е онаа што најмногу го прослави, иако досега има бројни филмски улоги. Кога станува збор за неговиот приватен живот, тој изминатите неколку години доста ги менуваше девојките, а сега е во врска со Зејнеп Ојмак која исто така е актерка. Засега им оди одлично во љубовта, а дали ова ќе биде „крајната станица“ од ергенскиот живот за Каан, остана да видиме…



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *