Ден на одлука за серијата Мојата лева страна

Турската серија Мојата лева страна може да стане новата жртва на нискиот рејтинг.
Во се потешки услови за турските серии, само најдобрите, поточно најгледаните, успеваат да преживеат. Некои проекти не стигнуваат дури до десет епизоди кога ќе бидат прекинати. Главната причина е нискиот рејтинг, т.е. лош рејтинг. Познато е дека рејтингот и продажбата на серија во странство се главните параметри за опстанок на еден проект.

Продукцијата на серијата Мојата лева страна донесе една важна одлука. Одлуката е конечна и иднината на оваа серија ќе зависи од тоа. Ако рејтингот на епизодата што се емитува денес во Турција е лош – серијата ќе биде прекината. Имајќи предвид дека серијата не оди баш најдобро со гледаноста во претходните епизоди, оваа одлука не изненадува. Останува да видиме утре, дали Мојата лева страна ќе доживее неславен крај.

By: TV Exposed

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *