Uncategorized
Познатиот турски актер Селим Бајрактар публиката на овие простори го запозна преку улогата на симпатичниот но мудар Зумбул-ага во серијата „Сулејман Величествениот“ која важи за една од најгледаните серии на овие простори.Но покрај оваа серија Селим имаше значајна улога и во серијата „Завет“, но во неа изгледа потполно непрепознатливо.Селим во оваа серија го толкува главниот негативец, Зекар Каракај, кој мисли дека со парите и влијанието може да купи сé, па дури и љубов.
Тој и покрај тоа што е оженет, се вљубува во Зухре Филиз и не избира средства да ја раздели од нејзината вистинска љубов, Сејит Захир. Селим со улогата во оваа серија уште еднаш го покажа неговиот голем актерски талент, како и неверојатна способност да се трансформира бидејќи во оваа серија изгледа потполно непрепознатливо.