Дали е поради здраствената состојба на сопругата? Бурак не се појави на доделување награди, па се огласија и двајцата

Во Истанбул вчеравечер на едно место се собраа голем број од популарните турски актери, а причината за тоа беше доделувањето на наградите од GQ “Men of the Year”. Меѓу оние кои добија статуетка беше и познатиот турски актер Бурак Озчевит кој не се појави на случувањето.


Медиумите тоа го поврзаа со здраствената состојба на неговата бремена сопруга, актерката Фахрие Евџан, која пред само неколку дена заврши во болница.Нејзината состојба за сега се уште не е позната и дали се уште е хоспитализирана. Но, и двајцата познати сопружници се огласија на своите профили на Инстаграм. Тој се заблагодари за наградата и напиша:-Не можам да се придружам на оваа вечер, но не би можел да не ја споделам возбудата. Целото мое црце е со вас вечерва, напиша Бурак. Додека пак Фахрие сподели фотографија од нив двајцата прегрнати и тоа по повод Денот на вљубените.-“Секогаш гледаме во иста насока, љубовта е се”, напиша убавата Фахрие Евџан.


Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *