Гупсе Озај и Бариш Ардуч по подолго време заедно во јавност!

Бариш Ардуч и Гупсе Озај, актерската двојка кои што се заедно од 2014 година, беа видени како излегуваат од ресторанот каде што го прославија роденденот на нивниот заеднички колега. Овој пар кој е заедно речиси пет години, преживеа и покрај лошото мислење на многумина. Новинарите ги најдоа надвор од ресторанот, но двојката не беше расположена за интервју.Фановите забележаа дека Гупсе Озај значително ослабела, и изгледала поубаво.Бариш додека излегуваше само накратко коментираше:

“Ќе ве молам нешто. Само што ја добивме веста за ненадејната смрт на еден член на нашиот тим. Ние во моментов не сме расположени за давање интервју, ако може да го одложиме ова за следниот пат? “

Имено, член на екипажот на серијата “Гавран” или “Кузгун” почина во сообраќајна незгода.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *