Вљубениот ерген ја замени Дефне со нова убавица (фото)

Започна да се снима новата турска серија насловена „Kuzgun“ или „Гавран“ со популарниот и еден од најплатените турски актери, Бариш Ардуч, кој публиката го обожава поради улогата на Омер во серијата „Изнајмена љубов“. Минатата година тој по девизата тимот кој победува не се менува, повторно снимање филм со колешката Елчин Сангу или попозната како Дефне, но стануваше збор за игран филм кој исто така ја освои публиката.Сега, Бариш односно режисерот реши наместо Елчин да ја ангажира Бурџу Биринџик во главната улога. Веќе се достапни промо фотографии и краток опис на серијата. Темата е осветата на младиот Кузгун, кој ќе го глуми Бариш.

Тој сака да го освети својот татко, полицаец, додека Бурџу го игра ликот по име Дила, негова другарка и прва љубов, која наедно е и негов адвокат.Сценаристите на сценариото го пишуваа и она за „Карасевда“. Инаку, серијата ќе се снима во Кападокија, во градот Угруп.

Превземано од: vistina.com.mk

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *