„Време за среќа“ со Дефне и Омер како Ада и Мерт: Вака интимни не беа во „Вљубениот ерген! - Tvserijali - Soprevod

„Време за среќа“ со Дефне и Омер како Ада и Мерт: Вака интимни не беа во „Вљубениот ерген!

Кон крајот на месец декември 2017 година низ кината во Европа и Азија беше промовиран играниот филм „Mutlulik zamani“ во кој главните улоги ги имаат турските актери Бариш Ардуч и Елчин Сангу кои направија невиден успех со серијата „Вљубениот ерген“. Како серијата, така и играниот филм, направија вистинска револуција кај публиката, а овој пат можете да ги видите во едно поинакво издание, таа како вајарка, а пак тој повторно е сопственик на компанија, но женкар кој подоцна ќе се заљуби во сестрата на својот вработен, улога која ја игра Елчин.

Филмот изобилува со многу комични сцени од кои ќе се смеете на глас, спакуван во час и 45 минути, а она што се издвојува е интимноста на двајцата актери.
Имено, во една од сцените, Ада и Мерт водат љубов, моменти кои не баш ги видовме во серијата од која ја стекнаа најголемата популарност.
Истата веќе ја има на интернет каналот Јутјуб, а можете да ја погледнете во продолжение:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *