Бурак Озџевит доби огромна понуда само за неговото име … - Tvserijali - Soprevod

Бурак Озџевит доби огромна понуда само за неговото име …

Добро познатиот турски актер наскоро ќе биде имиџот на новиот хотел кој ќе се отвори во Катар. Хотелот ќе го задржи неговото име и само за оваа работа, му се нудат 400.000 долари. Договорот се очекува да биде финализиран наскоро, додека изградбата на хотелот веќе започна. Неговата слава одамна ја помина турската граница и изгледа дека тој веќе стана еден од омилените ликови во Блискиот Исток.” Махара” се вика компанијата за хотели и ресторанти која контактирала со Бурак за да ги побара правата за користење на неговото име. Ако сè оди според планот, инаугурацијата на хотелот ќе биде направена од самиот Бурак. Хотелот ќе го задржи неговото име и ќе биде препознат насекаде со сликата на Бурак. Во меѓувреме, тој истото така ќе биде и имиџот на трговскиот центар што го има арапскиот бизнисмен кој го контактирал. Бурак ќе направи реклами за облека во трговскиот центар и ќе биде исплатен на 2,5 милиони фунти годишно. Досега се вели дека договорот е 2 години, само за рекламирање облека.


Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *