Бебето на Бурак и Фахрие само што не пристигнало: Труската двојка вели дека се подготвени и возбудени - Tvserijali - Soprevod

Бебето на Бурак и Фахрие само што не пристигнало: Труската двојка вели дека се подготвени и возбудени

Бурак и Фахрие Озчивит се појавија на театарска претстава кај колегата и комичар Џем Јилмаз. Турските новинари си сретнаа и ја искористија приликата да им постават неколку прашања. Двојката откри дека одлично се забавувале и квалитетно се изнасмеале на претставата. На прашањето дали синот Каран реагирал во стомакот, Фахрие вели: -Реагираше доста, крајот на претставата малку тешко го поднесов, вели таа и открива дека останале уште многу малку денови до породувањето и дека размислувале воопшто да не доаѓаат на претставата. На прашањето дали е се подготвено за доаѓањето на бебето, Фахрие одговара: -Да, се е подготвено. Уште неколку дена останаа, така да само чекаме, вали среќната мама. Пред неколку дена Бурак се сретна со новинарите и најпосле даде изјава по повод профилот на Инстаграм на нероденото бебе. -На Инсатграм има многу лажни профили. Да спречиме креирање лажен профил на нашиот син, одлучивме ние лично да го направиме, вели популарниот турски актер./Вистина.мк



Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *