Алина Боз наскоро до олтарот? - Tvserijali - Soprevod

Алина Боз наскоро до олтарот?

Познатата турска актерка Алина Боз, позната кај нас како” Хазал” од серијата “Парампарча” којa игра во новата серијата “Elimi Birakma”, наскоро може да ја круниса својата љубов со Mитхат Џан. Двајцата млади живеат заедно неколку месеци и досега се чини дека многу добро им одат работите. Во овој период, во медиумите, се шпекулира дека семејствата на двајцата млади ќе се состанат наскоро, а можеби и во рок од неколку месеци може да има брак. Сепак, прашан од новинарите, Алина ги негираше овие вести. “Ние сме многу добри заедно. Нашите семејства можат да се сретнат за задоволство, од која било причина, но тоа не значи дека ќе организираме “официјален состанок” за да ја планираме свадбата. Сé уште не разговаравме за брак. Ако се одлучуваме за овој чекор, ние ќе ја споделуваме веста со задоволство со сите “.





Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *