Популарната албанска пејачка ја скрати својата косата и ги воодушеви своите фанови – нејзината фризура ова лето ќе ја носат милиони жени (ФОТО)

Сега кога летото ни е зад аголот , сите почнуваат да работат на својот изглед. Некои се ставија на ригорозни диети, некои започнаа со интензивни тренинзи во теретана а Дуа Липа ја скрати својата коса. Со својата нова фризура пејачката се пофали на инстаграм. Ова лето таа се одлучила да ја носи познатата фризура Боб , која што мораме да признаеме дека и стои одлично и таа делува прилично освежено.Нејзините фанови оваа промена на нејзината коса ја оценија како многу позитивна промена. Боб е една од најпопуларните фризури последниве неколку години , и се чини дека и оваа сезона ќе се задржи на топ листата. Ова беше потврдено и од други познати дами кои ја носат оваа фризура како Деми Ловато и Јена Деван, на кои сега им се приклучи и прекрасната Дуа Липа.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *