Партнерка на Киванч Татлитуг во новата серија ќе биде Елчин Сангу!

Откриено е кој ќе биде партнерка на Киванч Татлитуг во новата турска серија наречена “Судар” или “Carpisma”. Главна актерка од оваа серија ќе биде Елчин Сангу.

Долго време се шпекулира за тоа кој ќе ја има главната женска улога во таа серија, a Cansu Dere беше најблиску до таа улога, но сепак според турските медиуми на крајот е избрана Елчин Сангу!.
Актерската екипа од ова серија покрај Елцин и Киванц ја сочинуваат и Мелиса Асли Памук и Алперен Дујмаз. Серијата ќе биде прикажана на Show TV, а продукциската куќа што ќе ја води оваа серија е Ај Јапим. Сценаристот и режисерот на овој проект имаат многу успешни проекти зад нив, како што се “Езел”, “Карадаји”, “Истанбулска невеста”, “Инсајдер” итн. Подолу е даден краток опис на серијата “Судар”.
Ова е приказна за различни животи што ќе се испреплетуваат меѓусебе по една сообраќајна несреќа. Киванч Татлитуг ќе го одглуми инспекторот Махир. Карактерот на Елчин ќе се вика Зејнеп. Серијата ќе почне да се прикажува на Тв во ноември.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*